Утрински Весник
Спорт

Холидеј четврти играч во историјата на НБА со договор од 100 милиони долари на 33-годишна возраст

20240411084501 Big 730x400 99.webp.webp

Плејмејкерот Џру Холидеј ќе потпише нов договор со Бостон селтикс. Договорот ќе биде со важност на четири години, во кои 33-годишниот Американец ќе заработи 135 милиони долари.

Холидеј стана четвртиот играч во историјата на НБА со договор од 100 милиони долари на возраст над 33 години. 

Пред Холидеј тоа им успеа на Леброн Џејмс, Стивен Кари и Ал Хорфорд.

Сезонава Холидеј одигра 68 натпревари во НБА, со просек од 12,5 поени, 5,4 скока и 4,9 асистенции.

Можете да прочитате

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА