Утрински Весник
Свет

Новите британски визни прописи принудуваат илјадници Италијанци да ја напуштат земјата

Picture 520 660x487 1.jpg

Илјадници млади Италијанци, кои главно се вработени во угостителството во Велика Британија, наскоро ќе мора да ја напуштат земјата поради новите владини уредби кои пропишуваат дека за виза за странски стручни работници минималната неопходна плата треба да изнесува 38. 700 илјади фунти годишно, споредено со претходните 26. 000 фунти. Како што наведува „Тајмс“, новите визни прописи автоматски ќе спречат групи млади угостители да работат и престојуваат во земјата, но и ќе влијаат на работењето на рестораните кои ќе се соочат со недостиг на персонал. Правилото за минимална плата нема да влијае само на келнерите и пица мајсторите, пишува италијанскиот „Месаџеро“, кој ја интервјуирал Италијанката Алесандра Солинас, која магистрирала маркетинг во Велика Британија, но сега не може да ја најде работа во канцеларија со почетна плата од 38.700 фунти.

Можете да прочитате

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

Билд: Трамп сака утре прво да има тет-а-тет средба со Зеленски, а потоа и со европските лидери

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа