Утрински Весник
Македонија

Започна тридневното празнување на Рамазан Бајрам

Ramazan.webp.webp

Верниците од исламска вероисповед во целиот свет го започнаа тридневното празнување на Рамазан Бајрам. Еид ал-Фитр започна на зајдисонце и го означува крајот на постот за време на светиот муслимански месец Рамазан.

По рамазанскиот пост, исполнет со прошка и милостина, верниците го поминуваат големиот празник со семејството и пријателите, со желби за добро здравје, среќа и бериќет.

Еид ал-Фитр секогаш се паѓа на 1-ви Шавал, десеттиот месец од муслиманскиот календар и трае три дена.

Во претходните 30 дена пост, верниците се воздржуваа од јадење, пиење, телесни задоволства, како и од грешни мисли и постапки од утро до зајдисонце.

Рамазан се смета за најважен и најпросветлен месец за муслиманските верници, во кој, се верува, започна објавувањето на светата книга Куран за муслиманите.

Можете да прочитате

Грант од ЕУ од 5,5 милиони евра за енергетска ефикасност на студентски домови

Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава 

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност