Утрински Весник
Македонија

Деновите кога ќе се одржат изборите – 24 април и 8 мај се прогласени за неработни

09042024 Vrsm 3.jpeg

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница 14. седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за прогласување на 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) за неработни денови, поради распишување на избори за претседател на Република Северна Македонија и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Владата, согласно информацијата, донесе заклучоци со коишто ги определи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда), за неработни денови, за сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија. Владата препорачува на работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Северна Македонија, да ги спроведат овие заклучоци. Во Информацијата од Министерството за труд и социјална работа е посочено дека имајќи го предвид Решението за распишување на избор за претседател на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ” бр.37/24), како Решението за распишување на избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ” бр.37/24), потребно е секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас, во избирачката единица во којашто е регистриран.

Можете да прочитате

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години