Утрински Весник
Македонија

Разрешувањето директор од страна на министерот за труд и социјална политика прогласено за ништовно 

09042024 Vrsm 5.jpeg

Владата, на предлог на дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, донесе одлука, како второстепен орган, да го огласи за ништовно Решението за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 04.04.2024 година. Според образложеното, по извршен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за труд, а по барање на дополнителната заменик-министерка за труд и социјалан политика, утврдени се повеќе неправилности во делот на разрешувањето. Допопнително, посоченото разрешување, во време на распишани избори, е направено еднострано од страна на министерот за труд и социјална политика. Ова, како што е нагласено, е спротивно на Законот за Владата на Република Северна Македонија, каде е предвидено, заради организирање на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, дополнителниот заменик на министерот, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документи, а ако тоа не е сторено, ваквите акти и документи не произведуваат правно дејство.

Можете да прочитате

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

МНР: Македонски државјани во подрачјата со пожари во Грција телефонски се обратиле за информации, засега нема официјална бројка на евакуирани

Огнот се спушти до првите куќи во село Лозани