Утрински Весник
Македонија

Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец

Prolet.jpg

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност и пораст на температурите, особено за време на викендот и почетокот на следната седмица. До недела ќе дува слаб, повремено засилен северен ветер.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана