Утрински Весник
Економија

ЕВН останува универзален снабдувач со струја, понуди помала маржа од досегашната

Evn Mak 960x417 1 800x417 1.png

ЕВН Хоум, останува универзален снабдувач на регуларниот пазар на кој се снабдуваат со енергија домаќинствата и малите потрошувачи со струја. Утрово на електронската аукција оваа компанија понудила најмала профитна маржа од 9,9%.

По конечната одлука на Владата се очекува официјализирање на оваа информација и можно намалување на цената на струјата. Досегашната профитна маржа на ЕВН хом беше 11,5 отсто. Услов на Владата за новиот повик беше маржата да биде помала од 11,5 отсто.

Универзалниот снабдувач под новиот договор треба да започне од јуни а во истиот период и Регулаторната комисија за енергетика ќе ја разгледува цената.

Можете да прочитате

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор

Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка

Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема, вели Мицкоски