Утрински Весник
Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Foto.jpg

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и севкупната соработка меѓу двете земји.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната британска поддршка и ангажман со цел унапредување на состојбите во повеќе клучни области, како и за континуираната посветеност на Обединетото Кралство на регионот на Западен Балкан.

Двајцата соговорници изразиja задоволство од билатералните односи меѓу двете земји и соработката во НАТО Алијансата во контекст на руската агресија и ги реафирмираа заложбите за стабилност и просперитет во поширокиот регион.  

Можете да прочитате

Владата ги усвои измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште

Скопјанец шест дена докажувал дека не направил прекршок: Грешка во „Безбеден град“

ВМРО-ДПМНЕ: Времето на злоупотреба на државни ресурси заврши