Утрински Весник
Македонија

Царинска управа заплени 11.800 долари

Foto4 Scaled.jpg

Царински инспектори од мобилен тим на Секторот за контрола и истраги спречија обид на двајца сопружници нелегално да изнесат од државата девизи во вредност од 16 илјади долари.  
Сопружниците, инаку македонски државјани, на излез од државата на граничен премин Богородица на прашање од страна на мобилни инспектори дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо.

При извршена детална контрола на возилото во предната касета биле пронајдени 16 илјади долари. Согласно Законот за девизно работење на двете лица им се вратени по 2.100 долари, а останатите 11.800 се привремено одземени.
По земање на изјави од патниците, против возачот е поднесена пријава за девизен прекршок.
Ги известуваме граѓаните дека при излез од државата можат да носат ефективни странски пари во износ од 2 илјади евра по лице. Доколку изнесуваат девизи во износ од над 2 илјади евра, должни се да ги пријават на царинскиот орган со презентирање на потврда од овластена банка или менувачница. Девизи во вредност од над 10 илјади евра не е дозволено да се изнесуваат.  

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница