Утрински Весник
Свет

Трамп со навреди за илегалните мигранти: Тие се животни и нелуѓе

1707475251 unnamed file.webp.webp

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на синоќешниот предизборниот митинг во Мичиген ги нарече илегалните имигранти во САД „животни и нелуѓе“.

Тој наведе неколку злосторства извршени од илегални мигранти и предупреди дека САД ќе биде зафатена од насилство и хаос доколку тој не биде избран за претседател на 5 ноември.

Зборувајќи за Лејкен Рајли, 22-годишна студентка од Џорџија за чие убиство е осомничен мигрант од Венецуела, Трамп рече дека некои мигранти не се луѓе.

„Демократите велат: „Не ги нарекувајте животни, и тие се луѓе.“ А јас велам: „Не, тие се нелуѓе, тие се животни“, рече Трамп.

Тој ги повтори тврдењата дека мигрантите кои илегално ја минуваат границата со Мексико избегале од затвори и ментални институции и се одговорни за зголемувањето на криминалот во САД.

Трамп одржа говор со наслов „Крвопролевање на границата на Бајден“ во градот Гранд Рапидс, чија полиција објави дека 25-годишната Руби Гарсија минатиот месец била убиена од Брендон Ортиз-Вајт (25), кој илегално живее во САД.

Триесет и осум отсто од републиканците и еден од пет независни гласачи веруваат дека имиграцијата е главниот проблем во земјата, според анкетата на Ројтерс/Ипсос направена на крајот на февруари.

Можете да прочитате

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната