Утрински Весник
Балкан

Рама: Албанија придонесе за одбраната и безбедноста на Алијансата

Dad 3279 Edit 72579343911320 Scaled 1.jpg

 По повод 15-годишнината од членството на Албанија во НАТО, премиерот Еди Рама изјави дека неговата земја со гордост придонесува за колективната одбрана и безбедност.

– Оваа 15-годишнина од членството на Албанија во НАТО не е само прослава на нашите минати достигнувања, туку и реафирмирање на нашата непоколеблива посветеност на принципите и вредностите кои ја засноваат нашата Алијанса. Во текот на изминатите 15 години, Албанија гордо придонесе за колективната одбрана и безбедност на НАТО, а ние остануваме цврсти во нашата посветеност да го поддржиме мирот и демократските вредности низ нашиот регион и пошироко, напиша Рама на платформата Х.

Порачува дека Албанија е почестена што стои рамо до рамо со сојузниците, пред се со САД, заблагодарувајќи му се на државниот секретар Ентони Блинкен за упатената честитка.

– Благодарам секретаре Блинкен. Чест ни е да стоиме рамо до рамо со нашите сојузници, пред сè со Соединетите амрикански држави, додека продолжуваме да се прилагодуваме и да ја зајакнуваме нашата соработка соочени со глобалните предизвици. Очекуваме уште многу години плодна соработка во рамките на семејството на НАТО. Ви благодариме за сојузот, пријателството и партнерството, пишува Рама.

Албанија и Хрватска април 2009 година станаа полноправни членки на НАТО откако во Вашингтон ги предадоа ратификациските документи. 

Можете да прочитате

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари