Утрински Весник
Свет

Во Хаг денеска почнува конференција за воените злосторства во конфликтот во Украина

20240402083111 Big 730x400 31 1.webp.webp

По повеќе од две години од почетокот на руската агресија врз Украина, европските министри и меѓународни истражители денеска во Хаг ќе разговараат за напредокот во гонењето на воените злосторства во оваа земја, јави ДПА.

Украина, нејзините сојузници и Европската комисија сакаат да се погрижат осомничените за воени злосторства да бидат изведени пред лицето на правдата.

Ќе се постави и прашањето како Русија може да се гони за кривично дело агресија. За таа цел може да се формира специјален суд. На конференцијата ќе бидат регистрирани и првите барања за обештетување од страна на жртвите.

Домаќин на конференцијата е Холандија. Меѓу учесниците ќе има и претставници на Европската комисија, Украина и западните сојузници, како и Меѓународниот кривичен суд и европското правосудно тело Евроџаст.

Набргу по почетокот на војната, неколку земји се согласија да соработуваат во истрагите со Украина и меѓународните правосудни власти.

Покрај украинските правосудни органи, истрагата ја води и Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг. Генералниот обвинител Карим Кан веќе издаде четири меѓународни потерници за високо позиционирани Руси, вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин, под обвинение за воени злосторства.

Можете да прочитате

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот