Утрински Весник
Спорт

Роналдо по четврти пат сезонава е играч на месецот во првенството на Саудиска Арабија

20240402081950 Big 730x400 76.webp.webp

Кристијано Роналдо е прогласен за играч на месец март во фудбалското првенство на Саудиска Арабија.

Минатиот месец Португалецот учествуваше во два натпревари на Ал-Наср во првенството на Саудиска Арабија. На натпреварот со Ал Раед (1:3), Роналдо одигра 90 минути и не постигна гол, а на натпреварот против Ал-Таи (5:1), беше творец на хет-трик.

Ова е четврта награда за играч на месецот во саудиска лига за Роналдо оваа сезона. Тој претходно беше најдобар во август, септември и декември.

Роналдо има 33 гола и 11 асистенции на 34 натпревари за Ал-Наср во сите натпреварувања. Тој ја предводи листата на најдобри стрелци во првенството на Саудиска Арабија со 26 гола.

Можете да прочитате

Карлос Алкараз поради повреда нема да ја брани титулата на турнирот во Барселона

Мек Грегор се враќа во октагонот по три години

Вињалес најбрз во спринтот во Остин