Утрински Весник
Македонија

ПОВРЕМЕНО ЗАСИЛЕН ВЕТЕР ОД ЗАПАДЕН И ОД ЈУГОЗАПАДЕН ПРАВЕЦ ВО МАКЕДОНИЈА (НАД 60 КМ/ЧАС): Се очекува мало опаѓање на температурите

Gustkph 20240402 00 012.jpg

Денес во Македонија ќе има мало опаѓање на температурите на воздухот, а ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до времето, тоа ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево со појава на мала до умерена локална облачност.

Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.

Што се однесува до онаа Сахарска прашина и песок, како што и вчера најавиввме, таа од денес полека ќе ја напушта територијата на Македонија, што значи дека времето ќе биде по лесно, а Атмосферата ќе биде значително почиста.

Што се однесува до наредните денови, продолжува стабилното и суво време, но детална анализа околу ова следува наскоро.

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)