Утрински Весник
Спорт

Атлетико Мадрид запоседна позиција која води во ЛШ

Vitsel Atletiko.jpg

Атлетико Мадрид повторно е на позиција која во новата сезона носи настап во фудбалската Лига на шампионите. Во 30. коло од шпанската Ла лига Атлетико како гостин го победи Вилјареал (1:2) и е во топ четири тима, откако вчера Атлетик Билбао загуби на гостувањето кај градскиот ривал Реал Мадрид со 2:0. Витсел обебзеди водство за гостите од Мадрид во деветтата минута, а „жолтата подморница“ израмни на почетокот на вториот дел. Сорлот беше стрелец на погодокот кој го постигнаа домаќините. Победата за Атлетико ја потврди џокерот од клупата Саул Нигез кој се запиша во листата на стрелците во 87 минута, само што влезе во игра. Атлетико е на четвртата позиција со 58 бодови, односно два повеќе од Атлетик Билбао, додека Вилјареал е на 10. место со 38 бода.

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп