Утрински Весник
Македонија

Спасовски: МВР е прва владина институција со највисоко ниво на интегритет

1706448174 Unnamed File.webp.webp

Министерството за внатрешни работи е прва владина институција од вкупно 71 институција од јавниот сектор за исполнетост на обврските за примена на системот за интегритет, односно на 3 место согласно годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупција, напиша на социјалните мрежи екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Министерството во изминатите години од 2017 до денес помина низ целосна трансформација и од институција со целосна срушена доверба е институција со најголема доверба меѓу граѓаните. За првпат воведовме Тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР – Согласно извештајот на ГРЕКО за евалуација на РСМ – петти круг за ,,Спречување на крупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот”, со законско решение го уредивме прашањето на интегритетот за кандидатите за вработување, како и за сите вработени во Министерството.

Имено, како нов услов за засновање на работен однос е кандидатот да има положено Тест за интегритет. За постојните работници, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување ТЕСТ за професионален интегритет. Од полицијата со висок интегритет се очекува да го усогласи начинот на однесување на полициските службеници со демократските вредности додека при преземањето на мерките од овластувањата да се раководи од владеење на правото и доследно да ги почитува човековите права. Тоа значи отстранување на условите за постоење на корупција во полицијата и непрофесионалното постапување и воспоставување на посакуваните етички стандарди“ пишува Спасовски.

Можете да прочитате

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)