Утрински Весник
Свет

Иран ја информирал Русија за можен „голем терористичка напад“

Moskva Napad 696x405 1.jpg

Иран ја информирал Русија за можна голема „терористичка операција“ на нејзина територија пред минатомесечното масовно убиство во концертна сала во близина на Москва, јавија светските агенции, цитирајќи три извори запознаени со ова прашање.

Во најсмртоносниот напад во Русија во последните 20 години, на 22 март, вооружени напаѓачи отворија оган од автоматско оружје во концертната сала „Крокус“ во московскиот регион, при што загинаа најмалку 144 луѓе. Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

„Денови пред нападот во Русија, Техеран ѝ дал на Москва информации за можен терористички напад од големи размери на руска територија, добиени за време на испрашувањето на уапсените во врска со смртоносните бомбашки напади во Иран“, изјави еден од изворите.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk