Утрински Весник
Македонија

188 санкции за пребрзо возење на подрачје на СВР Тетово

Soobra A Ka Na Patniot Pravec Kavadarci Prilep Soobra A Ot E Vo Prekin Qcsxqhslmxew2y0kmghotn3zd2n3ynwx117l9lax7k.jpg

Вчера (31 март) од 08.00 до 23.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи што возат побрзо од дозволеното. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 188 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Од нив, 132 пречекорувања на максимално дозволената брзина регистрирани се надвор од населено место (ТЕ-65 и ГВ-67), од кои 12 возачи (ТЕ-7 и ГВ-5) пречекориле за над 70 километри на час, 27 возачи (ТЕ-14 и ГВ-13) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното.  

При контролата, исто така, санкционирани се и 56 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-48 и ГВ-8), од кои 2 возачи (ТЕ) пречекориле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-4).  На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.

Можете да прочитате

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Залутан куршум погодил возило на Финец кај Бит Пазар

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит