Утрински Весник
Балкан

Цела Австрија споделува слики од исчезнатата Данка, вели српска новинарска којашто живее во Виена

Danka Ilic 1.jpg

Српската новинарка Вера Марјановиќ се вклучи во „Јутро на Блиц“ каде откри дека целата јавност во Австрија е запознаена со случајот со исчезнатата Данка Илиќ (2) од Бор, по која се трага веќе седум дена.

До соработка на српската и австриската полиција довело видео на кое се гледа девојче која наликува на исчезнатата Данка Илиќ, направено од Србин од Виена. По девојчето е распишана жолта потерница од Интерпол, а според зборовите на Вера Марјановиќ, српската јавност и Виена се многу вознемирени.

„Човекот кој во саботата ја снимил снимката и ја испратил во полиција е сослушан истата вечер, а веќе околу 3:30 часот наутро во целиот случај се вклучила и австриската полиција. Видеото се споделува насекаде, а на социјалните мрежи се споделува и приватно. Амбасадата вчера упати апел до сите граѓани и здруженија низ Австрија да се јават во српската или австриската полиција, како и на телефонските линии на амбасадата, доколку ги забележат споменатите две жени и девојчето кое многу личи на Данка“, вели Марјановиќ.

Вера Марјановиќ истакнува дека медиумите во оваа земја пишуваат дека девојчето од видеото било многу вознемирено и врескало кога жените му кажале нешто, а единствено за коешто го обвинуваат човекот кој го направил видеото е тоа што тој веднаш не ја известил полицијата.

„Виена е покриена со безбедносни камери, па веруваме дека полицијата ќе им влезе во трага на двете жени“, вели Марјановиќ.

Српската новинарка од Виена наведува и дека на социјалните мрежи се споделуваат информации за исчезнувањето на малата Данка и на српски и на германски јазик.

„На социјалните мрежи забележав дека објавите на наши граѓани ги споделуваат и Австријци, кои, кога се во прашање децата, многу даваат поддршка. Значи, целата австриска јавност е целосно информирана и вклучена во целиот случај“, вели Вера Марјановиќ.

На видеото снимено во Виена од Србин кој живее и работи во австриската престолнина, а на кое се гледа девојчето за кое постои сомневање дека е Данка Илиќ (2), се гледаат и две жени кои ја придружувале. Австриската полиција покрена истрага, а покрај девојчето трага и по жените од снимката.

„Околу 20 часот излегов од метро станицата и видов како дете бега и вреска. Прво набљудував, а потоа почнав да снимам. Сè се случи на една трамвајска станица. Со детето имаше две жени кои меѓусебно разговараа на романски. Го викаа детето со некое име, не разбрав кое, но девојчето воопшто не одговори“, вели во мејл Србинот од Виена, кој потоа испратил и видео од детето до полицијата во Белград.

Откако се појави видеото, Интерпол распиша жолта потерница (потерница за исчезнати лица) по исчезнатата Данка Илиќ (2), која ја снема во вторникот околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор.

Можете да прочитате

Вучиќ: „Благодарност“ за сето она што го направивме за Скопје

Одлуката на Уставниот суд му го блокира патот на Милановиќ да формира влада

Милановиќ: Волјата на граѓаните ќе одредува што понатаму, а не уставните судии, ова е подготовка за државен удар