Утрински Весник
Свет

Франција побара од Кина да „испрати многу јасни пораки до Русија“

20240401094938 Big 730x400 86.webp.webp

Францускиот министер за надворешни работи, Стефан Сежурне денеска во Пекинг изјави дека Франција очекува Кина да испрати „многу јасни пораки до Русија“ за прашањето за војната во Украина, пренесоа француските медиуми.

-Очекуваме Кина да испрати многу јасни пораки до Русија, рече министерот на заедничката прес-конференција со неговиот кинески колега Ванг Ји.

Сежурне рече и дека не е пожелно Франција драстично да ги намали економските врски со Кина. Сепак, министерот повика на поголема економска рамнотежа, бидејќи комерцијалната размена меѓу двете земји мора да „почива на здрава и цврста основа“. 

Можете да прочитате

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе

Над 240 случаи на Западнонилска треска во Европа