Утрински Весник
Свет

Во Ерусалим илјадници Израелци побараа оставка од Нетанјаху

20240331205658 Big 730x400 81.webp.webp

Десетици илјади Израелци  се собраа денеска пред зградата на израелскиот парламент во Ерусалим и побараа оставка од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.  Демонстрантите вееја израелски знамиња и скандираа дека сакаат предвремени избори.

Демонстрантите најавија четиридневни протести, вклучително и поставување шатори до враќање на сите заложници и итно распуштање на израелската влада.

Демонстрантите, исто така, го изразија својот гнев поради владината отстапка за ултраортодоксните мажи. Денеска истече рокот за израелската влада да го реши долгогодишниот ќор-сокак  околу ослободувањето  од служење војска за ултраортодоксните мажи. Врховниот суд, сепак, и даде рок на Владата до 30 април да поднесе дополнителни аргументи за ова прашање.

Во четвртокот, израелскиот Врховен суд повторно нареди суспензија на државните субвенции за ултраортодоксните Евреи кои студираат во религиозни семинарии, познати како јешива, наместо да одат воена служба. Одлуката на судиите наведе дека постојниот систем ги привилегирал ултраортодоксните Израелци на сметка на секуларната еврејска јавност.

Според израелскиот информативен канал Ен 12, денешните се најголемите демонстрации од почетокот на војната во Газа.

Антивладините демонстранти веат израелски знамиња и држат плакати со кои повикуваат на ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и оставка на израелскиот премиер.

Според израелските одбранбени сили (ИДФ ), 134 израелски заложници моментално се држени од Хамас во Газа. Повеќе од 32.700 Палестинци и над 1.450 Израелци се убиени, според палестинското Министерство за здравство и Израелските одбранбени сили, откако милитантите на Хамас започнаа напад против Израел од Појасот Газа на 7 октомври 2023 година и последователните израелски операции во Газа и Западниот Брег.

Во оваа војна досега се убиени околу 600 израелски војници, што е најголем број израелски жртви со години наназад.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата