Утрински Весник
Свет

Москва: Се зголемува бројот на жртвите во терористичкиот напад, загинаа 144 лица

Moskva Napad.webp.webp

Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва денеска се искачи на 144 лица, додека уште 551 лице се повредени, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација за Москва.

Администрацијата додаде дека меѓу загинатите има пет деца, пренесува Интерфакс.

Терористичкиот напад на „Крокус сити хол“ во Красногорск, во близина на Москва, се случи вечерта на 22 март, кога неколку лица отворија оган врз посетители на концерт.

Истражниот комитет го истражува кривичното дело за терористичкиот напад, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава (ИД).

Можете да прочитате

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија