Утрински Весник
Свет

Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница

Ame.jpg

37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни фрлил пред продавница.

Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.

Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.

Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.

Можете да прочитате

Зграда се запали во Кина, 14 лица загинаа

Пронајдени 12 мртви на брод со мигранти во близина на Крит

Почина масовниот убиец од Краков