Утрински Весник
Балкан

Полицијата го прекопува дворот од куќата на семејството на мајката на малата Данка

Danka 1.jpg

Полицијата моментално е во куќата на семејството на мајката на малата Данка Илиќ (2) која исчезна пред два дена токму кај оваа куќа во Бањско Село кај Бор.

Како што пренесуваат српските медиуми, со помош на багери и луѓе се расчистува целата куќа, a се отвораат и шахти.

Куќата е во руинирана состојба, полна со стари работи и отпад, како никој да не ја посетил со години.

Вчера околу 17:30 часот полицијата го прекина пребарувањето на теренот. „Сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри“, соопшти полицијата.

Српските медиуми јавувија дека полицијата сега има нова трага.

Можете да прочитате

Бериша најави национален протест за 31 октомври како поддршка за студентите кои протестираат

Студенти во блокада: Нашата борба е ненасилна, победата не значи крај, туку почеток на долг процес на обнова на Србија

Бесермењи: Идентитетот и мотивите на лицата што влегоа во „Информер“ остануваат нејасни