Утрински Весник
Македонија

Имали крај на измамите: Со туѓи лични податоци земале 11 брзи кредити

1711466844 Pari.webp.webp
Dik 300x250 mk

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и против Б.К.(54) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

„Пријавените, во периодот од април 2022 година до март 2023 ги искористиле личните и банкарски податоци на лице од Штип во седум финансиски друштва при аплицирање за 17 онлајн кредити, од кои биле одобрени 11 кредити во вкупен износ од 339.700 денари. Одобрените парични средства од финансиските друштва биле уплатени на банкарската сметка на оштетениот, по што првопријавената неовластено во повеќе наврати повлекувала парични средства од повеќе банкомати во Штип, со што се стекнала со материјална корист во вкупен износ од 339.700 денари.

Можете да прочитате

Вториот круг од локалните избори ќе го следат 1598 акредитирани набљудувачи, 933 домашни и 651 меѓународен

Ужас во Ресен: Мајка ја претепала малолетната ќерка

Наставничка од Кавадарци сликала пораки од Фејсбук на нејзина колешка и истите ги препраќала кај директорката