Утрински Весник
Свет

Чарлс III ќе се појави во јавноста за прв пат откако беше објавено дека има рак

Carls I Kamila.jpg

Британскиот крал Чарлс III ќе присуствува на Велигденската миса во капелата Свети Џорџ во Виндзор, а неговото учество на традиционалниот кралски настан ќе биде негово прво појавување во јавноста откако во февруари му беше дијагностициран рак.

Бакингемската палата денеска објави дека кралот и неговата сопруга, кралицата Камила, ќе присуствуваат на неделната миса на 31 март, која вообичаено е собир на постарите членови на кралското семејство.

Оваа објава дојде неколку дена откако принцезата од Велс и снаата на кралот Кејт ѝ соопшти на јавноста дека боледува од рак и оди на превентивна хемотерапија.

Помалку луѓе ќе присуствуваат на велигденската миса оваа година поради здравјето на кралот, објави Бакингемската палата.

Кејт и престолонаследникот, принцот Вилијам, нема да присуствуваат, како што претходно најавија од нивната канцеларија.

Откако ја објави дијагнозата, кралот Чарлс има ограничени јавни настапи за време на неговото лекување.

Тој го пропушти одбележувањето на Денот на Комонвелтот, важен датум во годишниот календар на британската монархија, кој се славеше претходно во март, но се чини дека постепено го интензивира својот јавен ангажман.

Претходно во Бакингемската палата тој се сретна со претставници на верските заедници како дел од програмата чија цел е да промовира хармонија и меѓусебна размена на искуства во време на зголемени геополитички тензии.

Можете да прочитате

Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко