Утрински Весник
Свет

Бродот што удри во мостот Балтимор бил вклучен во инцидент во Белгија во 2016 година

677z381 Brod Baltimor.jpg
Ss2

Контејнерскиот брод „Дали“ кој рано утринава удри и го урна мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор, учествувал во инцидент во пристаништето Антверпен во Белгија во 2016 година, соопштија денеска пристанишните власти во Балтимор. Бродот „Дали“ е сопственост на данската компанија „Маерск“ и утринава аплови за Шри Ланка.

Долг е 289 метри и пловел под знамето на Сингапур, пренесоа американските медиуми, наведувајќи дека нема повредени меѓу членовите на екипажот.

Ss1

Бродот „Дали“ рано утринава удрил во еден од носечките столбови на мостот, по што металната конструкција се урнала во реката Патапско, а најмалку седум автомобили паднале во водата.

Мостот „Френсис Скот Ки“ е изграден во 1972 година и е долг околу три километри и има четири сообраќајни ленти поставени на 56 метри над реката.

Отворен за сообраќај во 1977 година и го добил името по Френсис Скот Ки, кој ја напишал американската химна во 1814 година прославувајќи ја американската победа над Британците во битката кај Балтимор. Според податоците на Одделот за транспорт во Мериленд, по овој мост годишно поминуваат 11,3 милиони возила.

Градските власти на Балтимор објавија дека најмалку седум возила со околу 20 луѓе паднале од мостот во реката Патапско, а едно лице е тешко повредено. Си-Ен-Ен објави дека извршниот директор на округот Балтимор Џони Олшевски потврдил дека започнале спасувачките операции за нуркање. „Со изгрејсонце конечно можеме да започнеме со нуркачки операции. За жал, тоа не можевме да го направиме порано“, изјави Олшевски.

Властите на округот Балтимор соопштија дека истрагата за тоа што се случило е во тек, истакнувајќи дека фокусот е на потрагата и спасувањето на преживеаните. Полицијата во Балтимор соопшти дека нема индикации дека станува збор за терористички акт.

Ss1

Можете да прочитате

Детали од пропаднатиот мировен договор меѓу Русија и Украина: „Киев да гарантира трајна неутралност, а Москва да не напаѓа“

Силно торнадо во Кина, најмалку 5 загинати и многу повредени

„Смрт за Америка и Израел“: Хутите тврдат дека собориле американски борбен дрон