Утрински Весник
Свет

Франција со специјални летови ќе ги евакуира своите загрозени граѓани од Хаити

20240324191220 Big 730x400 45.webp.webp

Франција денеска воспостави специјални летови за да им овозможи на своите „најзагрозени“ граѓани да го напуштат Хаити, чиј главен град е цел на насилство од вооружени банди.

Тие летови, кои ќе ги обезбеди француското Министерство за одбрана, треба да започнат во текот на неделата, соопшти денеска француската дипломатија, додавајќи дека комерцијалните летови со Порт-о-Пренс се во прекин.

„Француската амбасада во Порт-о-Пренс останува отворена и ја продолжува својата активност и покрај влошените услови“, соопшти француското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека амбасадата е мобилизирана за да им даде поддршка на Французите на терен.

Околу 1.100 Французи, вклучително и оние со двојно државјанство, живеат на Хаити.

Хаити, кој веќе има многу сериозна политичка и безбедносна криза, е цел на насилство од почетокот на март, кога неколку вооружени банди ги здружија силите за да нападнат стратешки локации во Порт-о-Пренс во обид да го соборат премиерот Ариел Анри. 

Анри се согласи да поднесе оставка на 11 март и оттогаш траат преговорите за формирање преодна влада.

Во меѓувреме, вооружените банди ги засилуваат нападите во главниот град и контролираат околу 80 отсто од Порт-о-Пренс. 

Можете да прочитате

Во италијанско пристаниште запленети 250 килограми кокаин од Еквадор

Aстразенека горда на својот придонес за ставање крај на пандемијата: Само во првата година спасени над 6,5 милиони животи

Протест за Газа пред универзитетот во Амстердам, студентите поставуваат блокади