Утрински Весник
Спорт

Алвеш не собрал пари за кауција, останува во затвор

220733 Alvesh Saka Da Izleze Od Zatvor Veruvam Vo Pravda 2x.jpg

Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш кој е осуден на четири ипол години затвор поради силување, доби шанса да се брани од слобода ако плати кауција од еден милион евра. Сепак, тоа не се случи, бидејќи правните застапници на 40-годишниот бразилски фудбалер не успеале да ја наплатат и платат таа сума до дадениот рок. Алвеш овој викенд ќе го помине зад решетки, а најрано може да биде излезе в понеделник. Бразилецот веќе 14 месеци се наоѓа во затвор, кој се наоѓа на 40 километри северозападно од Барселона. И покрај долгата и успешна фудбалска кариера која ја мина во најдобрите и најбогатите европски клубови, како Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен, Алвеш нема доволно заштеда за да ја плати кауција. Се појавија шпекулации дека таткото на Нејмар ќе ги даде потребните пари за да се ппокрие кауцијата, но тој се огласи и кажа дека такво нешто нема да се случи. Судот во Барселона во средата му дозволи на Алвеш да се брани од слобода, но само ако ја плати кауцијата. Алвеш е обвинет дека силувал девојка во ноќта меѓу 30 и 31 декември 2022 година во ноќен клуб во Барселона.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига