Утрински Весник
Балкан

Земјотрес го размрдал Крф

Zemjotres 960x600 1.jpg

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово јужно од грчкиот остров Крф. Земјотресот се случил во 7.20 часот по локално време и бил почувствуван на островот, а епицентарот бил на длабочина од 9,2 километри, пренесува Катимерини. Грчката агенција за планирање и заштита од земјотреси (ОАСП) соопшти дека уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала се случил во раните утрински часови, а епицентарот бил на 20 километри југозападно од островот Отони. Нема информации за штети во овие земјотреси.

Можете да прочитате

Пленковиќ: Без меѓународното право малите држави ќе бидат само набљудувачи

Рама: Стратешките туристички проекти ќе продолжат и покрај протестите

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници