Утрински Весник
Магазин

Седум начини за намалување на крвниот притисок без употреба на лекови

Biciklizam.jpg

Одредена храна може да помогне во управувањето со здравствените состојби, како што е дијабетесот, а друга можа да помогне во одржувањето на здрави внатрешни системи, како што е нашиот дигестивен тракт. Освен тоа, храната може да го зголеми нивото на енергија, да го подобри нашето расположение и да го намали крвниот притисок, што е особено важно за луѓето со хипертензија.

Хипертензијата се јавува кога силата на крвниот притисок на ѕидовите на артериите е постојано превисока. Ако имаме хипертензија, може да имаме зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

За среќа, експертите споделија совети поткрепени со наука за да ни помогнат да го намалиме крвниот притисок природно, без да се потпираме на лекови.

1. Внимавајте на внесот натриум

„Американската асоцијација за срце препорачува секој со хипертензија да го ограничи внесот на натриум на 1.500 mg дневно“, изјави кардиологот Панкај Лал за EatingWell.

Високиот внес на сол кај повеќето луѓе може да дојде од претходно подготвени оброци, бидејќи оброците што ги јадеме надвор имаат тенденција да имаат поголеми количини на натриум во споредба со оброците подготвени дома. Зачините, конзервираната храна и грицките како што се, крекерите или чипсот исто така може да бидат виновни за зголемениот внес на натриум.

2. Фокусирајте се на калиумот

Додека натриумот го зголемува крвниот притисок преку промовирање на задржување на течности, калиумот не само што ги намалува ефектите на натриумот, туку помага и во намалување на напнатоста во ѕидовите на крвните садови.

„Со вклучување на повеќе храна богата со калиум како спанаќ, слатки компири, мешунки и авокадо во вашата исхрана, можете да помогнете во балансирање на негативните ефекти на солта врз вашиот крвен притисок“, вели диететичарот Вероника Роус.

3. Изберете цели зрна

„Целите житарки можат да го подобрат здравјето на срцето бидејќи се богати со влакна и можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок и нивото на холестерол“, објаснува нутриционистот Бони Тауб-Дикс. Тој тврди дека првите состојки наведени на лебниот производ треба да бидат „цели зрна“ или „цела пченица“.

Други цели зрна што можеме да ги ставиме во нашата корпа се кафеав ориз, интегрални тестенини, сорго и овес.

4. Движете се

Вежбањето има многу придобивки за срцето. „Најдобар лек за висок крвен притисок е секоја активност. Обидете се да започнете со најмалку 30 минути умерено вежбање пет дена во неделата или енергична активност 75 минути неделно“, советува Лал.

Треба да најдеме форма на движење во која уживаме за да се држиме до неа. Танцување, пешачење, пилатес и возење велосипед се одличен избор.

5. Зголемете го внесот на калциум

Не само што калциумот ги поддржува коските, туку и добивањето доволно калциум може да го поддржи и нашиот крвен притисок.

Роуз вели: „Калциумот им помага на крвните садови да се стегаат и да се релаксираат кога е потребно, овозможувајќи крвта да тече понепречено и намалувајќи го стресот на ѕидовите на артериите“. Ако сакаме млечни производи, јогуртот, урдата и млекото се одлични опции.

6. Консумирајте повеќе магнезиум

Магнезиумот е еден од најпрометните минерали, вклучен во повеќе од 300 функции на телото и има улога во регулирањето на крвниот притисок.

„Магнезиумот е суштински минерал кој помага во регулирањето на крвниот притисок со опуштање на крвните садови“, истакнува Роус. За среќа, магнезиумот се наоѓа во многу вкусни намирници, како што се интегралниот леб, семките од тиква, бадемите, спанаќот, индиските ореви, црниот грав и темното чоколадо.

7. Ограничете го алкохолот

Ограничувањето на нашата вечерна чаша вино или пиво може да ги радува нашите срца.

„Постојаното и прекумерно дневно консумирање алкохол, исто така, може да го зголеми ризикот од хипертензија. Насоките наведуваат не повеќе од две чаши дневно за мажи и една дневно за жени“, вели Лал. Тоа е приближно 3,3 децилитри пиво, 1,5 децилитри вино и 0,5 децилитри жесток пијалок.

„Регулирањето на крвниот притисок може да биде фрустрирачки процес, но со комбинација на здрава исхрана, соодветно вежбање и одржување на здрава телесна тежина, управувањето со крвниот притисок станува многу полесно“, заклучува кардиологот.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста