Утрински Весник
Магазин

Современите луѓе од градот ја губат способноста за варење хранливи билки

D0bbd183d193d0b5d182d0be D0bad0bed0b8 D198d0b0d0b4d0b0d182 D0b7d0b5d0bbd0b5d0bdd187d183d0ba D181d0b5 D0bfd0bed181d180d0b5d19cd0bdd0b8 63cd87edcc6c7.jpeg

На западната индустриска исхрана веќе значително ѝ недостасуваат растителни влакна, според науката, и се чини дека тоа суштински го менува начинот на којшто човековите црева ја варат билната материја, посочува ново научно истражување.

Овошјето и зеленчукот отсекогаш биле клучен дел од човековата исхрана, па науката има нови сознанија за тоа како телото го разградува најзастапеното органско соединение на оваа планета – целулозата. Нов труд на меѓународен тим научници, предводени од Универзитетот „Бен Гурион“ во Бершева, Израел, открива досега непознати бактерии сместени во цревата, способни да ја разградат целулозата.

Со десетлетија се претпоставуваше дека луѓето ја разградуваат целулозата различно од тревопасните животни, како и од другите цицачи. Дури во 2003 година кај човек беше откриена бактеријата којашто ги вари билните влакна.

Врз основа на гените на таа бактерија, научниците почнаа да бараат и други слични на неа. Така, сега е откриено дека во цревата на човекот има три вида микроби коишто му припаѓаат на родот „ruminococcus“ (руминокока) и имаат гени поврзани со разградувањето на целулозата. Во фекалните примероци од луѓе кои живееле пред 1.000 и 2.000 години, овие три микроби се наоѓаат во изобилство.

Меѓутоа, во современите, индустријализирани општества, во телата на луѓето има многу помалку такви микроби.

„Овие наоди укажуваат на пад на бројот на овие бактерии во цревата кај човекот, најверојатно предизвикан од преодот кон ‘западниот начин’ на живот и исхрана“, велат авторите на научниот труд, предводени од микробиологот Сара Мораис од Израел.

Можно е, се вели, ако „руминокока“ микробите се лишени од растителни влакна – нивниот број во цревата да се намали. Научниците стравуваат дека падот на бројот на овие бактерии придонесува за полошо метаболичко здравје кај современите луѓе. 

Можете да прочитате

Никој не може да им одолее: Ова се најсекси хороскопските знаци

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Мбапе не може да вози автомобил обезбеден од Реал Мадрид