Утрински Весник
Балкан

Пленковиќ: Милановиќ сигурно нема да биде премиер на Хрватска

20240320210130 Big 730x400 89.webp.webp

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Загреб изјави дека претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ нема да биде премиер.

– Што се однесува до надлежните за спроведување на изборите, Државната изборна комисија и Уставниот суд, очекувам да се огласат. Идниот претседател на владата сигурно нема да биде тој, ние ќе го предложиме идниот мандатар, а според атмосферата што ја гледам во Хрватска, тој треба да бидам јас, рече Пленковиќ на новинарско прашање по седницата на претседателството на Хрватската демократска заедница.

Коментирајќи ја изјавата на Милановиќ дека Колинда Грабар Китаровиќ присуствувала на собири организирани од ХДЗ за време на кампањата, Пленковиќ рече дека мисли дека тоа не е точно и оти не се сеќава на тоа.

На прашањето колку пари ќе потроши за кампањата, тој рече дека секогаш се троши во законски рамки.

Милановиќ и покрај одлуката на Уставниот суд дека не може да биде кандидат на парламентарните избори, не ја отфрли таа можност. 

Можете да прочитате

Физички пресметки и тензии во српскиот парламент поради трагедијата во Нови Сад

Свеќи од роденденска торта предизвикаа пожар во кафуле во Атина

Ја удрил „ситроен“, па ја прегази „бмв“: тешко повредена жена во Белград