Утрински Весник
Скопје

Меѓународна вежба за пожар на отворено по реално сценарио во Кучково

Pozarna 1.jpg

До 22 март во с.Кучково ќе се одвива вежба за пожар на отворено по реално сценарио, а во присуство на меѓународни служби од цивилна заштита. Станува збор за меѓународна вежба на полигон која се одржува секоја година во различни држави и е со многу сериозен пристап од страна на сите вклучени страни. Годинава, организацијата е на Дирекцијата за заштита и спасување и на Република Македонија како член на Меѓународниот механизам за заштита и спасување. Имав можност да бидам домаќин на средба во Општина Ѓорче Петров со претставници од сите присутни меѓународни служби од цивилната заштита. Акцентот на разговорите беше ставен на вежбата, но стана збор и за слични проекти кои би можеле да ги реализираме во иднина, а се од особено значење за заштита на природата и природните ресурси, вели Стојкоски. Кучково е одбрано како локација токму поради тоа што е регион со густа борова и дабова шума која за жал, честопати е мета на пожари, најчесто предизвикани од човечки фактор. Службите од Република Словенија се присутни со две тешки возила за гасење пожар, Република Турција со три тешки возила и два авиони, Република Србија и Република Црна Гора со по две тешки возила, Република Босна и Херцеговина и Република Албанија со по едно тешко возило и Република Косово со лесни возила. Покрај тоа, сите држави се присутни и со лесни возила за непристапен терен, додава Стојкоски. За навремено и брзо да се справиме со евентуалните пожари кои се зачестени во летниот период, вежбата која се одржува во Кучково е одлична подготовка за огнените стихии кои можат да бидат и фатални по локалното население. Во случај на евентуален пожар, сите регионални служби ни стојат на располагање со човечки фактор и механизација.Благодарност до сите присутни и организаторот за заложбите и сериозниот пристап во однос на вежбата која е реална подготовка за она што може да следува, вели Стојкоски.

Можете да прочитате

И тоа го има: Преку ноќ му го урнале објектот за да градат зграда

ЈП Лајка: Граѓаните да не оставаат мали кучиња пред нашиот објект

Утре делови од една скопска општина без вода