Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери

Vmro.jpeg

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период, за тоа треба да одлучува идната влада.

Надвор од секое нормално делување е СДС и ДУИ да вршат избор на тендер од 250 милиони евра на неколку недели пред избори, во период на техничка влада.

Наместо борбени хеликоптери, власта набавува транспортни, со што не ја зголемува борбената готовност на АРМ.

Дополнително никој не знае како е изберена фирмата Леонардо, и зошто не се изберени другите компании меѓу кои американска компанија или германско-француски конзорциум.

Како е извршен изборот и кој ја донел одлуката што всушност да се набави.

Наместо трошење на 250 милиони евра пред избори, да се стопира набавката и по неа да одлучува идната влада.

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Можете да прочитате

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР