Утрински Весник
Македонија

137 санкции за брзо возење

Soobra a ni prekrshoci.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во текот на вчерашниот ден (14.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 137 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено

Тошковски: МВР со посебен план за претстојната зимска туристичка сезона во Маврово

Железницата повторно во нормала – 24info.mk