Утрински Весник
Скопје

Општина Центар отстапи простор за уметниците избркани од МКЦ

WhatsApp Image 2024 03 15 at 09.10.41 f1452f8a.jpg

Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ и Младинскиот центар-Матично ги отворија вратите за уметниците на кои им беше одземен просторот за работа во МКЦ. Ликовните и театарски работилници на уметникот Доротеј Нешовски и актерката Нина Максимова ќе продолжат да функционираат во пријатниот и креативен амбиент на културните катчиња во Општина Центар. Детското ликовно ателје на мултидисциплинарниот уметник Нешовски веќе почна со работа во „Центар-Јадро“.

„На мое големо задоволство и на задоволство на моите млади ученици, на возраст од 5 до 12 години, продолжуваме со редовните активности, двапати неделно во „Центар-Јадро“. Ова навистина е прекрасен простор, во кој децата имаат услови да цртаат, сликаат и учат во атмосфера на креативна дружба. Благодарност до општината и КСП Јадро што ни го отстапија бесплатниот простор“, вели Нешовски.

Во општинскиот Младински центар-Матично е преместено и детското драмско студио што функционираше во рамки на МКЦ-Скопје. Театарските работилници ќе се одржуваат еднаш неделно, во саботите, под водство на професионалните актери Нина Максимова, Благојчо Стојанов и Јанка Лефкова.

Градоначалникот Герасимовски вели дека општината останува отворена за сите креативци, уметници и едукатори кои придонесуваат за културниот живот во градот.

„Центар е дом на културата, во кој се добредојдени сите креативни сили. И затоа, во рамките на општината, ги создадовме  овие отворени простори за  да ја заживееме културната сцена на Скопје. Продолжуваме да ги промовираме уметноста, творештвото  и уметниците, порача Герасимовски.

Можете да прочитате

Утре делови од Карпош ќе останат без струја

Лажна дојавата за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје