Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Американска компанија ја презема фирмата на Дрин Ахмети

Drin ahmeti.jpg
300x250 opst2

Компанијата на Дрин Ахмеди, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, „Тор индустрис“,  предизборно, преку соопштение за медиумите, објави дека тој ќе се повлече од функцијата до крајот на оваа година. Компанијата ќе биде преземена од „Тексас американ интернешенал холдингс“, односно се најавува менаџерска и сопственичка транзиција. -Компанијата е возбудена да го објави нејзиното преземање од „Тексас американ интернешенал холдингс“, водечка компанија призната по своите иновативни и стратешки деловни операции. Оваа аквизиција означува пресвртница во патувањето на „Тор индустрис“ , поставувајќи ја сцената за период на засилен раст и проширување. Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на „Тор индустрис“ и кој ја водеше компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината. Оваа одлука доаѓа како дел од планот за транзиција на стратешкото лидерство, кој обезбедува непречено и ефективно пренесување на одговорностите на новиот менаџерски тим назначен од „Тексас американ интернешенал холдингс“, се вели во соопштението. Како дел од договорот за стекнување, „Тор индустрис“ ќе ги поседува сите средства кои претходно биле во сопственост на Ахмеди, обезбедувајќи континуитет и стабилност за работењето на компанијата и нејзината посветена работна сила, се вели меѓу другото во соопштението. Во Обвинителството се водат две предистраги за Амеди и „Тор индустрис“.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму