Експертите за сајбер безбедност открија 21 апликација за паметни телефони кои не треба да ги преземате
Ова се најлошите малициозни апликации за Android во изминатата година, според листата на Malware Fox. Повеќето од овие апликации се достапни и на Google Play Store, предупредија сајбер експертите, пренесува The Sun.
Тие советуваа веднаш да избришете која било од апликациите наведени подолу доколку ги забележите на вашиот телефон. Исто така, вреди да ги означите на Google или официјалната продавница за апликации ако ги забележите на платформата.
Некои од малициозните апликации може да се шират преку продавници од трети страни или преку е-пошта и СМС. Најдобро е секогаш да преземате од реномирана продавница и лично да ја истражувате апликацијата пред да ја преземете. Оваа листа вклучува злонамерни емотикони, апликации за уредување фотографии и апликации за пораки со малициозен софтвер.
Најлоши апликации во 2023 година:
Fare Gamehub and Box
Hope Camera-Picture Record
Same Launcher and Live Wallpaper
Amazing Wallpaper
Cool Emoji Editor and Sticker
Simple Note Scanner
Universal PDF Scanner
Private Messenger
Premium SMS
Blood Pressure Checker
Cool Keyboard
Paint Art
Color Message
Vlog Star Video Editor
Creative 3D Launcher
Wow Beauty Camera
Gif Emoji Keyboard
Instant Heart Rate Anytime
Delicate Messenger
Beauty Slimming Photo Editor
GIF Camera Editor Pro