Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски уште еднаш потврди дека со него и со ДПМНЕ нема членство во ЕУ

1708269119 D181d0b4d181d0bc D0bfd0bed187d0b8d182 D0b7d0b0 D0bbd0b8d0bad0bed182 D0b8 D0b4d0b5d0bbd0bed182d0be D0bdd0b0 D0b4d0b5d0bbd187d0b5d0b2 63dec8d02a5a9.jpeg

Нема членство во ЕУ со Мицкоски и ДПМНЕ.

Тоа денеска Мицкоски самиот го потврди признавајќи дека патот за македонските граѓани во ЕУ е невозможен со ДПМНЕ. 

Мицкоски вели дека ова не се избори помеѓу Европа и изолација, но во исто време промовира дефетистички ставови кон напредокот на земјата на патот кон ЕУ.

Тоа на сите им е јасно. Не постои партија која повеќе ја оддалечила Македонија од членство во меѓународните организации од неговата. 

Очигледно на Мицкоски полесно му е да го блокира патот на кон ЕУ и да ја врати земјата десет чекори назад, во времето на изолацијата, кога реалниот напредок, просперитетот и европските интеграции беа само мисловна именка. 

Од друга страна, СДСМ покажа дека искрено работи на интеграцијата на земјата. 

Северна Македонија е членка на НАТО, а за време на новиот мандат на Пендаровски и Ковачевски нашата држава ќе стане рамноправна членка на Европската Унија. 

Граѓаните не сакаат државата да ја води политичар што ќе ја врати во „подрумот на Европската Унија”. Граѓаните сакаат јазна визија за иднината, визија која носи надеж, напредок, развој и европски животен стандард. 

И како што би рекол Мицкоски: „Ги повикуваме граѓаните да излезат на избори и да одлучат во каква држава сакаат да живеат”. Едниот избор е рамноправна и просперитетна членка на ЕУ, а другиот е изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре.

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени