Утрински Весник
Македонија

Џафери: Сеќавањата од Холокаустот ги чуваме од заборав, за никогаш да не се повтори едно од најголемите зла на човештвото

11032024 pvrsm xhaferi 3.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се обрати на одбележувањето на 81 година од Холокаустот на македонските Евреи, на локацијата на поранешен скопски Монопол, каде за време на Втората светска војна, започнала депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор во Треблинка.

Воедно, владината делегација, предводена од премиерот Џафери, оддаде почит и положи цвеќе пред Споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи.

Овој настан во Скопје е дел од тридневната Комеморативна програма 1943-2024, во организација на Еврејската заедница во државава и на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, што се реализира под слоганот „Сеќавање- 11 Март, Холокаустот на македонските Евреи” и на истиот, покрај претставниците од еврејската заедница, присуствуваа и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претставници на Собранието и Владата на Република Северна Македонија, како и претставници на дипломатскиот кор во земјава.

Можете да прочитате

Бочварски: Законот за помош на настраданите во Кочани треба да го поддржи и ВМРО ДПМНЕ

Евроинтеграциите и трговската соработка во фокусот на работната посета на министерот Муцунски на Шведска

Муртезани и Суперти со заедничка заложба за напредок на реформите и отворање на првиот Кластер