Утрински Весник
Македонија

Големиот пожар во градскиот пазар во Охрид, изгоре кафич во сопственост на Агрон Речи јавен правобранител

Img 3823.jpeg

Охридскиот градски пазар е опожарен откако го зафати голем пожар рано утринава околу 4.00 часот, пренесува Охрид Скај.

Пожарот, како што наведува медиумот, почнал во кафич во сопственост на Агрон Речи јавен правобранител на РСМ. 

-Изутрина околу 4 часот голем пожар го зафати дел од охридскиот градски пазар. Како што дознаваме пожарот избуванал во кафич кој е во сопственост на јавниот правобранител на РСМ Агрон Речи, а од пожарот биле зафатени и соседните деловни објекти. Во моментов големи полициски сили и јавни обвинители вршат увид на местото на настанот, наведува Охрид Скај. 

Добиена е дојава за пожар околу 03:30 часот, при што реагиравме соодветно и наскоро пожарот е изгаснат, информираа за Супер радио и OhridPress од охридската противпожарна единица.

Можете да прочитате

Запленети 30.000 евра на ГП Богородица

Приведен разбојник во Скопје, кај него пронајдена и дрога

Запленети 30 илјади евра на граничен премин богородица