Утрински Весник
Македонија

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Prec03 045 660x330 1.png

Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот, во Македонија повторно очекуваме нови обилни врнежи од дожд на повеќе места, проследени со грмежи. Не се исклучува можноста повторно локално да се случат поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични пранења и со појава на град.

Денес, а особено во текот на утрешниот ден ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Остануваат високите пролетни температури на воздухот.

И во Скопје очекуваме слично време, утре и во вторник со повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

И во деновите потоа ќе продолжи променливото време со повремени локални врнежи од дожд, што значи како што и претходно најавивме ќе имаме влажна седмица.

Што се однесува до температурите, тие остануваат да кажеме пролетно високи и речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат  и до околу 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и близу 20 степени.

Утре и во вторник во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Славчо Попоски

Можете да прочитате

Кешишев со нова шокантна изјава: Палчо го натерал да го напише писмото во кое тврди дека не е виновен

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд