Утрински Весник
Македонија

Поднесена кривична пријава против Максим Димитриевски

1200px Maksim Dimitrievski.jpg

Kумановскиот обвинител, Иса Сулејмани поднел обвинителен предлог за Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и кандидат за претседател, по кривичната пријава на две кумановски фирми. Во кривичната е наведено дека Димитриевски не им издава градежна дозвола за изградба на висококатница и покрај тоа што, адвокатскиот тим на Димитриевски барал тој да биде изземен поради пристрасност и селективно постапување во предистражната постапка.

Димитриевски тврди дека постои стручно мислење од експерти за случајот, кое обвинителот не го земал предвид. Во ова гледа политички прогон од страна на власта, преку нивни сателити во обвинителството и Уставниот суд, со цел предизборно да го дискредитираат.

„Во овој случај постои стручно мислење од еминентни стручни лица кои што го потврдиле јавниот интерес и истата постапка е во тек. Дополнително, во континуитет врз мене се вршат различни форми на притисок и различни обиди за да се издејствува да се обезбеди градежна дозвола. Тоа е глобален случај, каде за жал има инволвирано и лица, носители на највисоко ниво на функции во државата, а дополнително и лица кои што одлучуваат во работењето на Уставниот суд“,изјави Димитриевски на прес-конференцијата.

Кумановските фирми „Делукс ауто“ и „Хромак“ тврдат дека претрпеле штета од 55.000 евра, затоа што не им издал решение за наплата на комуналии за објектот. Го обвинуваат дека не го почитувал законот за градење и одлуките на уставниот суд.

Од фирмата која ја поднела пријавата тврдат дека не се работи за висококатница, туку за зграда од седум ката, 150 метри подалеку од училиштето. Негираат дека се спонзори на владејачка партија, како што ги обвинува Димитриевски, тврдејќи дека во последните неколку години добиле само еден државен тендер, за разлика од претходно, кога добивале и повеќе.

„Човекот не почитува ниту една институција, ниту еден суд. Сите негови одлуки што ги носеше ние ги обжалувавме до институциите каде што имаме правна поука. Три пати второстепениот орган, Министерството за транспорт и врски му ги поништуваше одлуките, два пати највисокиот судски орган – Уставниот суд му ги поништи одлуките, Управниот суд донесе правосилна пресуда. Ништо не сака човекот да почитува. Ние, бизнис-секторот во Куманово, живееме во голгота“,вели за ТВ Телма, Бобан Спасовски од фирмата „Де лукс“ Куманово.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско