Утрински Весник
Македонија

Петровска: За одбраната и Армијата родовата рамноправност е врвен приоритет

3.jpeg

Денеска во Министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска и претседателката на Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска го потпишаа Меморандум за соработка кој претставува основа за развој на соработката во доменот на родовата еднаквост и родовата перспектива.

На средбата пред потпишувањето на Меморандумот, министерката Петровска истакна дека визијата на Националниот совет на родова рамноправност за промоција на правата на жените како човекови права и елиминирањето на сите форми на дискриминација на жените со цел градење на општество со еднакви можности во целост се поклопува со вредностите во одбраната и Армијата.

„Меморандумот ќе биде основа за нашата поблиска соработка. Родово сензитивните прашања за нас се исклучително важни. Ќе направиме заеднички акциски план со конкретни активности  и прецизна динамика и убедени сме дека вашите сугестии и заедничката работа ќе доведат до уште подобри резултати “, рече министерката Петровска.

Петровска посочи дека соработката со невладиниот сектор, особено за прашања од приоритетно општествено значење е повеќе од добредојдена и дека Министерството е отворено за сите иницијативи кои ќе покажат дека и одбраната и Армијата се институции во кои не постои дискриминација, дека родовата перспектива е силно врежана во свеста на сите вработени и дека единствениот критериум за напредок е професионалноста и посветеноста на секој вработен и секој припадник или припадничка на Армијата.

 Претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Тодоровска се заблагодари за подготвеноста на министерката и Министерството за развој на нови заеднички иницијативи во доменот на родовата рамноправност и порача дека тоа е вистинскиот пат кон едно целосно рамноправно општество ослободено од дискриминација по која било основа.

Одбраната е носител на Националниот акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325, ‘Жени, мир и безбедност’ што покажува дека ова прашање е во врвот на приоритети те на Министерство за одбрана. Министерството на институционално ниво е лидер во имплементација на политиките и практиките за родова еднаквост, а родовата перспектива е интегрирана во стратешките документи на одбраната и Армијата.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер