Утрински Весник
Македонија

НАЈНОВО НА НУМЕРИЧКИТЕ МОДЕЛИ: Можност за снег понекаде и во повисоките градови – На планините многу снег за кратко време!

Sapka 2 780x470 1 660x330 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Поради присуството на значително поладен воздух, утре рано наутро и во претпладневните часови врнежи од снег би можело да има и во повисоките градови во западните и во југозападните предели од Македонија, во делот од (Дебар, Кичево, (Крушево со сигурност), Охрдско – Струшкиот регион и во Пелагонија! Внимание на планинските превои.

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

олемиот влажен воздушен бран кој ќе ја зафати нашата држава од денес доцна попладне  и навечер, и кој е во склоп со длабокиот циклонски систем со центар над Џеновскиот залив, на повеќе места ќе донесе обилни врнежи од дожд, (локално и над 30 литри дожд на метар квадратен).

На планините, како и на планинските превои, особено во западната половина од државава ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, понекаде  и со висина и над 25 сантиметри.

Со овој влажен бран и во Скопскиот регион ќе има пообилни врнежи од дожд.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер (над 60 км/час), најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа и од северен правец, а можна е и ретка појава на грмежи.

Утре температурите позначително ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени.

НАПОМЕНА: Снежната граница понекаде, особено во западните предели би можела да се спушти до околу, па  и под 1000 метри надморска височина, со што врнежи од влажен снег би можело да има понекаде  и во повисоките населени места.

Не се исклучува можноста на повисоките планини (над 1700 – 1800 метри) да се формира снежна покривка дури и над 30 сантиметри за релативно краток временски период.

Потоа, нов влажен бран очекуваме во среда попладне  и навечер, како  и во четврток кога повторно ќе имаме пообилни врнежи од дожд и снег на планините.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер