Утрински Весник
Македонија

Оштетен преминот на реката Блашница поради надојдена вода

20240302103550 big 730x400 73.webp.webp

Оштетен е преминот на реката Блашница поради надојдена вода, потврди денеска за МИА, Јован Златевски, советник во Совет на Општина Кавадарци, кој потекнува од овој крај.

– Поради поголемо количество на вода што надошла во реката Блашница што се влева во Тиквешко Езеро, како резултат на врнежи од дожд и топење на снегови, оштетен е преминот преку реката Блашница, пред нејзиниот влив во езерото, рече Златевски.

Тој нагласи дека за новонастанатиот проблем е известена локалната самоуправа и оштетувањето ќе биде санирано најбрзо што може.

Златевски потсети дека овој дел од Тиквешијата изобилува со природни убавини за рурален и алтернативен вид туризам и овде веќе имаат изградено викендички тиквешани, но и вљубеници во природата од други места.

Можете да прочитате

Експертски тим од скопски „Водовод“ ја контролира водата во Гостивар

Средба на министерот Агон Ферати со в.д. амбасадорката на САД Никол Варнс

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање