Утрински Весник
Балкан

Зеленски го одликува Рама со орден „Принц Јарослав Мудриот“

20240228114734 big 730x400 95.webp.webp

Украинскиот претседател  Володимир Зеленски, пред почетокот на дводневниот самит Украина-Југоисточна Европа, што денеска почна во Тирана, на посебна средба го одликува премиерот Еди Рама со орден „Принц Јарослав Мудриот“.

За значаен личен придонес за зајакнување на меѓудржавната соработка, поддршка на државниот суверенитет и територијален интегритет на Украина, популаризација на украинската држава во светот, сe наведува во образложението за мотивот на наградата.

Во објава од средбата со Зеленски во неговиот кабинетот Рама напиша дека тој на Зеленски му подарил книга со наслов „Еди Рама“ каде на корицата се неговите добро познати скици.

Рама и Зеленски во просториите потпишаа договор за соработка со кој, според нив, се зајакнува и унапредува пријателството меѓу Албанија и Украина. 

Можете да прочитате

Профитната маржа не смее да биде над 12 центи по литар гориво на бензинските пумпи во Грција

Грција ќе воведе плафон на профитната маржа на горивата и на производите во супермаркетите

 Дачиќ излезе од болница – 24info.mk