Утрински Весник
Свет

Научници тврдат дека првиот шпионски сателит на Северна Кореја е во функција

20240228102417 Big 730x400 77.webp.webp

Холандски експерт за вселенска технологија Марко Лангбрук изјави дека „првиот шпионски сателит на Северна Кореја е жив“, откако забележа промени во неговата орбита што укажуваат на тоа дека Пјонгјанг успешно го контролира леталото, иако способностите на сателитот остануваат непознати.

По два неуспешни обиди, Северна Кореја успешно го лансираше сателитот Malligyong-1 во орбитата во ноември. Сателитот беше лансиран со ракета Chollima-1 од станицата за лансирање Сохае.

Државните медиуми тврдат дека сателитот снимил чувствителни воени и политички локации во Јужна Кореја, САД и на други места, но не објавија никакви фотографии.

– Сега можеме дефинитивно да кажеме дека сателитот е жив, рече Лангбрук од Универзитетот во Делфт во Холандија.

Од 19 до 24 февруари, сателитот изврши маневри за подигнување на перигејот, најниската точка во неговата орбита, од 488 на 497 километри, објасни Лангбрук.

– Овие маневри покажуваат дека Malligyong-1 не е мртов и дека Северна Кореја го контролира сателитот, додаде тој.

Јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вонк-сик во понеделникот изјави дека сателитот не покажал знаци за извршување други задачи или успешно извршување на извидувачки задачи.

Перигеј е точката во која објект кој се движи по елипсовидна патека околу Земјата е најблиску до нашата планета.

Лангбрук тврди дека севернокорејскиот сателит има капацитет да ја подигне својата орбита и дека тоа е „голема работа“.

Можете да прочитате

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето