Утрински Весник
Македонија

Демири: На Влада разгледан случајот на Леонид Индов, ќе се понудат можни решенија за подмирување на досегашните трошоци

Leonid indov.jpg

Министерот за здравство д-р Илир Демири информира дека на денешната владина седница беше разгледан случајот на Леонид Индов и исто така беа образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов.

„Донесовме одлука да разговарам со семејството и да ги запознаам со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што ќе ја информирам Владата за конкретното изнајдено решение“, истакнува Демири.

Можете да прочитате

Министерство за правда: По 30 години, нов Кривичен законик

Бесплатен интернет на 72 локации во 64 општини со поддршка од ЕУ и Германија, регистрирани над 200.000 корисници

И Тошковски платил сообраќајна казна, вели дека казни добиле и министри, директори и верски лица